Vinkmag ad

ГЕРМАНИЈА ПАРИРАШЕ ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ – ДАНСКА ПОКАЖА МОЌ И ПОБЕДИ

Селекцијата на Данска продолжува да победува во главната фаза, со што го обезбеди првото место на табелата и пласман во полуфиналето.

Вечерва, во полната Арена во Хернинг, избраниците на Николај Јакобсен ја победија Германија (31:26).

Германците беа рамноправен противник во првиот дел и имаа само гол негатива (13:12), но Данците во периодот од 35. до 45. минута практично го решија прашањето на победникот.

Емил Нилсен, со 14 одбрани, беше играч на натпреварот, а листата на стрелци ја предводеа Питлик со 8 и Гидсел со 7 погодоци.

Во последното коло, Германија и Франција директно ќе одлучуваат за пласман во полуфиналето.

 

Читај Претходна

ШПАНИЈА ПОКАЖА ЗАБИ И ЈА ТРЕСНА ФРАНЦИЈА

Читај Следна

ЗВЕРЕВ И САБАЛЕНКА ПРВИ ПОЛУФИНАЛИСТИ НА АО