Vinkmag ad

НЕВЕРОЈАТЕН ТЕНИС: АЛКАРАЗ ПО ПЕТ ЧАСА БОРБА, СТИГНА ДО ПРВОТО ФИНАЛЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Бевме сведоци на неверојатно полуфинале помеѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев кое траеше 5 часа и 26 минути, најдолгото полуфинале во историјата на „Австралија Опен“.

Карлос Алкараз поведе со 2-0 во сетови, победи во првиот сет 6-4 и во вториот 7-6(5). Во третиот сет, Шпанецот се пожали на грчеви и повика медицински тајм-аут, што предизвика жестока реакција кај Зверев, кој тврдеше дека „грчеви“ не се причина за тајм-аут.

Зверев потоа, освои два сета во низа по тај-брејк, а во петтиот сет рано направи брејк и стигна до сиутација на 5-4 да сервира за меч. Германецот не го издржа притисок, Алкараз направи брејк и израмни на 5-5.

Потоа со два гејма во низа, Алкараз стигна до 7-5 во петтиот сет и победа после 5 часа и 26 минути и го обезбеди првото финале на Австралија Опен во својата кариера.

Читај Претходна

БОБАН НИКОЛОВ И АРГЕНТИНЕЦОТ ТОРЕС ГО ЗАСИЛУВААТ ВАРДАР

Читај Следна

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ ВО БАРАЖОТ – ЕВЕ КАКО ДО СП ВО ГЕРМАНИЈА