Vinkmag ad

БОБАН НИКОЛОВ И АРГЕНТИНЕЦОТ ТОРЕС ГО ЗАСИЛУВААТ ВАРДАР

Вардар продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а во клубот се враќа уште едно добро познато име. По Дарко Велковски, „црвено-црните“ повторно ќе сметаат и на услугите на Бобан Николов.

Искусниот играч за врска од средината на неделата ќе му се стави на располагање на стручниот штаб, откако ќе го комплетира раскинот на договорот со Виторул. Николов ќе им се приклучи на вардарци веднаш по нивното враќање од подготовките во Анталија, а договорот е веќе потврден и од клупското раководство.

Николов го носеше дресот на Вардар во периодот од 2015 до 2018 година, по што изгради богата интернационална кариера настапувајќи за МОЛ Фехервар, Лече, Шериф Тираспол, ФЦСБ, Кишварда и Борац Бања Лука. Зад себе има и 48 настапи за македонската репрезентација, а со Шериф беше дел и од групната фаза во Лигата на шампионите, што дополнително говори за неговото искуство и квалитет. Од него се очекува да донесе стабилност и лидерство во средниот ред.

Покрај Николов, Вардар го договори и ангажманот на аргентинскиот интернационалец Хоакин Торес. Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој пристигнува од редовите на Амазонас, а во својата кариера има настапувано и за Филаделфија Унион, Њуелс Олд Бојс, Волос, Монтреал и Универсидад Католика.

Торес беше меѓу посакуваните засилувања уште во претходниот период и првично ја одби понудата, но упорноста на раководството вроди со плод и аргентинецот сепак ќе го облече дресот на Вардар.

Со овие две засилувања, „црвено-црните“ јасно покажуваат дека амбициите се сериозни и дека тимот ќе биде значително посилен во продолжението од сезоната.

Читај Претходна

СЕЛЕКТОРОТ НА ХРВАТСКА РАСПАЛИ ПО ЕХФ: НЕ ТРЕТИРААТ КАКО ЗАМРЗНАТО ПИЛЕШКО А ЕХФ Е КАКО ПРОДАВНИЦА ЗА БРЗА ХРАНА

Читај Следна

НЕВЕРОЈАТЕН ТЕНИС: АЛКАРАЗ ПО ПЕТ ЧАСА БОРБА, СТИГНА ДО ПРВОТО ФИНАЛЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН