МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Бевме сведоци на неверојатно полуфинале помеѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев кое траеше 5 часа и 26 минути, најдолгото полуфинале во историјата на „Австралија Опен“.
Карлос Алкараз поведе со 2-0 во сетови, победи во првиот сет 6-4 и во вториот 7-6(5). Во третиот сет, Шпанецот се пожали на грчеви и повика медицински тајм-аут, што предизвика жестока реакција кај Зверев, кој тврдеше дека „грчеви“ не се причина за тајм-аут.

