Vinkmag ad

(ОБНОВЕНО) ХРВАТИТЕ СЕПАК ЌЕ БИДАТ ПРЕЧЕКАНИ ВО ЗАГРЕБ – ВЛАДАТА ЈА ПРЕЗЕМА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Свечениот дочек на хрватската ракометна репрезентација, кој беше најавен за денеска во 15 часот на плоштадот „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб, официјално е откажан, соопшти Хрватската ракометна федерација. Причина за ваквата одлука е несогласувањето меѓу ракометарите и градските власти околу настапот на Марко Перковиќ Томпсон, кого репрезентативците го посакуваа како дел од програмата.

Хрватските медиуми сепак известуваат дека, денес сепак ќе има дочек за бронзените ракометари, а Владата наводно ја презела организацијата. Централната прослава е планирана за 18 часот, и сè уште се договара точната локација и деталниот протокол за дочекот, кој ќе биде објавен веднаш штом биде потврден.

Иако организираниот дочек беше откажан, ракометарите по пристигнувањето во Загреб сепак беа поздравени од навивачите. Репрезентацијата слета на аеродромот околу 3 часот по полноќ, каде што голем број фанови ги пречекаа со песни, меѓу кои и композиции на Томпсон. На аеродромот присуствуваа и министерот за спорт Тончи Главина, како и пратеникот Стипо Млинариќ од Движењето „Татковина“.

Читај Претходна

ГИЛЏЕС АЛЕКСАНДЕР ПОДОБАР ОД НИКОЛА ЈОКИЌ

Читај Следна

БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА МИЛЈАНА РЕЛИЌ