Vinkmag ad

ВИДЕО: НОВ ЛЕД ЕКРАН НА СТАДИОНИТЕ – ФФМ ГО ПОДИГНУВА СТАНДАРДОТ НА ФУДБАЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ направи значаен чекор кон модернизација на стадионите со новата инвестиција – сопствен ЛЕД екран со вкупна должина од 210 метри. Со овој потег се унапредува доживувањето на натпреварите за гледачите, се зголемува промотивната видливост на партнерите и се создава современа дигитална атмосфера на фудбалските терени.

„До сега, рекламите на стадионите во Македонија се поставуваа само на дрвени табли. Со оваа инвестиција правиме голем исчекор кон современите стандарди. Сè е изведено без изнајмување, со јасна визија“, истакна Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ.

Тој посочи дека ова е уште едно исполнето ветување и конкретен чекор кон професионализација на фудбалот во земјата, како и кон подигање на стандардите за репрезентацијата, публиката и спортот во целина.

„Фудбалот е на прво место. Напред Македонија“, порача Омерагиќ, најавувајќи дека ФФМ ќе продолжи со проекти кои го модернизираат спортскиот амбиент во земјата.

Погледнете го видеото.

Читај Претходна

ДИНАМО ЗАГРЕБ ГО ВРЗА СО ДОГОВОР МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТ

Читај Следна

ВИДЕО: СТОЛЕ ОДБРАНИ ПЕНАЛ, НО ВАЛЕНСИЈА ПРИМИ ГОЛ ВО 96 МИНУТА И ИСПАДНА ОД КУПОТ