(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство до 16 години „Б“ дивизија. Денеска тоа го информираше Кошаркарската федерација на Македонија, а соопштението, Ви го пренесуваме во целост.
Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација.
Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања.
Европското првенство У16 – „Б“ дивизија ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август, а на шампионатот ќе настапи и машката репрезентација на Македонија во оваа возрасна категорија.
Убедени сме дека нашите млади кошаркари ќе ја претставуваат државата на достоен начин и ќе дадат максимум на ова значајно меѓународно натпреварување, кое воедно ќе биде и голем празник за македонската кошарка.
Кошаркарската федерација на Македонија навремено ќе ја информира јавноста за сите дополнителни детали поврзани со организацијата и одржувањето на првенството.

