Поранешниот младински репрезентативец и десно крило Мице Шилегов е ново засилување на ракометниот клуб Бутел.
Шилегов ја започна својата кариера во Металург, а во Бутел пристигнува од Вардар Неготино, каде што настапуваше во есенскиот дел од сезоната и се истакна како најдобар стрелец на тимот.
Покрај Шилегов, клубот го засилија и младите Христијан Гурмешевиќ и Матеј Марковски.
Ѓурмешевиќ е младински репрезентативец на Македонија и доаѓа од редовите на Мулти Есенс, а Марковски досега ги бранеше боите на Аеродром.

