Vinkmag ad

ШОКАНТНО ОБЈАСНУВАЊЕ НА МАТО: „НЕМАВ ИНТЕРНЕТ“…

Роџерс Мато зимава ја напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи во шкотскиот Хартс. Договорот меѓу двата клуба е реализиран како платена позајмица, а од лето репрезентативецот на Уганда ќе стане постојан член на шкотскиот тим.

22-годишниот фудбалер не се појави на зимските подготовки на Вардар во Анталија, иако клубот му обезбеди билети, што предизвика реакции во јавноста. По настапот на Африканскиот куп на нации, Мато престојуваше во Уганда, каде што, според неговите зборови, поради изборниот процес бил прекинат интернетот и не можел да стапи во контакт со клубот.

„Во мојата земја имаше избори. Поради тоа интернетот беше целосно исклучен. Беше тешко да го контактирам мојот агент, тренерот или луѓето од Вардар. Мислам дека тука настанаа сите проблеми“, прокоментира Мато.

Читај Претходна

ТРИПЛ-ДАБЛ НА ЈОКИЌ, ПОРАЗ НА ДЕНВЕР

Читај Следна

ЃОРЃИ ХРИСТОВ ГОСТИН НА НОВИОТ „ФФМ ПОДКАСТ“