Vinkmag ad

ШАНСА ЗА ДОБАР РЕЗУЛТАТ: ДОКОЛКУ ГО МИНЕМЕ БАРАЖОТ – МАКЕДОНИЈА ВО ВТОР ШЕШИР ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП

Македонската ракометна репрезентација во мај ќе игра бараж за пласман на Светското првенство во Германија кое ќе се одржи во јануари 2027 година.

Противник за „црвено-жолтите“ ќе биде подобриот од двомечот Украина-Словачка, но без разлика на името на противникот, избраниците на Кирил Лазаров ќе бидат фаворити на овој двомеч.

Одлична вест за нашата репрезентација е фактот што доколку го минеме баражот, во ждрепката за Светско ќе бидеме во „Шешир 2“, а тоа значи дека со поволна ждрепка, Македонија може да се надева на голем резулат во Германија.
Со оглед на тоа што Мундијалот во Германија е „квалификациски“ за следните Олимписки игри, „голем“ резултат ќе биде неопходен за Македонија по трет пат во својата историја да се најде во шанса да настапи на Олмиписки игри. Претходно, настапувавме во квалификациите во Гетеборг 2012 и во Полска 2016.

Прв шешир: Данска | Германија | Хрватска | Исланд | Португалија | Шведска | Египет | Аргентина

Втор шешир: Франција/Чешка | Финска/Црна Гора | Словенија | Турција/Романија | Литванија/Србија | Унгарија | Грузија/Израел | Шпанија | Швајцарија/Италија | БиХ/Косово | Фарски Острови | Украина/Словачка | Македонија

Трет шешир: Грција/Белгија/Холандија | Летонија/Полска/Австрија | Бразил | Бахреин | Тунис | Зеленортски Острови | Чиле | Претставник на Северна Америка

Четврти шешир: Катар | Кувајт | Јапонија | Алжир | Ангола | Уругвај | Вајлд Карта 1 | Вајлд Карта 2

Ждрепката за СП 2026 ќе се одржи во месец јуни, во Минхен.

Читај Претходна

СТАВРЕ ЈАДА НАСТАПИ НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Читај Следна

ГОРДОСТА НА ПРИЛЕП – ФК ПОБЕДА ОДИ ВО АМБИС, СЕ ОТКАЖА ОД ВТОРА ЛИГА