МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонија го имаше првиот претставник на Зимските Олимписки Игри во Италија. Настапи Ставре Јада во Нордиско скијање (крос-контри) во дисциплината спринт. Јада заврши на 88 позиција во квалификациите од 93 натпреварувачи кои ја завршија трката со време од 3:59:56.
Во квалификациската трка, првото место го освои Норвежанецот Клебо, главен фаворит за олимпиското злато, додека македонскиот натпреварувач заостана за 52 секунди.
За Ставре Јада ова е трето учество на ЗОИ, откако претходно ја претставуваше Македонија на игрите во ПјонгЧанг и Пекинг. Иако не ги мина денешните квалификации, Јада го очекува уште еден настап на 13 февруари во трка на 10 километри.
Следна настап од македонските претставници ќе има Јана Атанасовска во четврток, која ќе се натпреварува во трка на 10 километри.

