Vinkmag ad

ЏЕЈК ПОЛ ПЛАЧЕШЕ КАКО МАЛО ДЕТЕ – УБАВИЦАТА ЛЕРДАМ СО ОЛИМПИСКИ РЕКОРД (ВИДЕО)

Холандската лизгачка Јута Лердам го одбележа настапот на Зимските олимписки игри со победа на трката на 1.000 метри, на која постави нов олимписки рекорд.

Лердам ја заврши трката со време од 1:12.31, што беше недостижно за конкуренцијата и ѝ го донесе првиот златен медал на Олимписките игри во кариерата. На претходното олимписко издание таа се закити со сребро.

Иако брзото лизгање не е спорт со голема популарност кај пошироката публика, Лердам веќе подолго време е едно од најпознатите имиња во оваа дисциплина, пред се затоа што му е девојка на популарниот јутјубер Џејк Пол.  Таа е седумкратна светска шампионка и редовно бележи врвни резултати на најголемите натпреварувања.

Читај Претходна

(ВИДЕO) ТОПКА СО ОЧИ НА ЧУРЛИНОВ ЗА ГОСТИНСКА ПОБЕДА НА КОЧАЕЛИСПОР

Читај Следна

СТАВРЕ ЈАДА НАСТАПИ НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ