МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Словенечкиот ски-скокач Домен Превц го освои златниот медал на Олимписките игри на големата скокалница.
Сребрениот медал го освои Јапонецот Рен Никаидо, додека бронзата му припадна на Полјакот Каспер Томашијак.
По разочарувањето на малата скокалница, каде што заврши на шестото место, најдобриот скокач во светот имаше одличен настап на големата скокалница. Во првата серија скокна 138,5 метри и беше второпласиран, а во втората оствари скок од 141,5 метри, што претставуваше рекорд на скокалницата. Со вкупно 301,8 поени тоа беше доволно за освојување на златниот медал.
– Се чувствувам како да сум во некој филм, како да сум во кино и се гледам себеси. Го гледам тој момак и тоа е вистинско уживање. Многу измешани емоции. Уште пред последниот скок сакав да уживам, сè се поклопи во вистинско време на вистинско место. Поради тоа уживање и почнав да се занимавам со овој спорт. Ако се случи, ако си добар и освоиш медали – изјави Превц со насмевка.
Ова е вкупно деветти олимписки медал за семејството Превц, втор за Домен, а свој придонес во олимписката династија имаат и Петер Превц, Цене Превц и Ника Превц. Во недела Ника Превц ќе се обиде да го донесе јубилејниот десетти медал за словенечкото семејство.

