Vinkmag ad

СПЕКТАКУЛАРНО ДЕРБИ ВО СТРУГА И ПРЕСВРТ ПОБЕДА НА СИЛЕКС

Дербито на колото, Струга ТЉ и Силекс приреди вистинско фудбалско возбудување во кое на крај славеа гостите од Кратово со 2:3.

Домаќините први го отворија резултатот со одличниот погодок на Марјан Радески во 22 минута.

Силекс од тој момент бараше шанса да ср врати во натпреварот а истото го стори Ади Алиќ, во 53 минута.

Кратко траеше радоста на Силекс затоа што веќе во 58 минута најдобриот стрелец во лигата Компаоре, ја искористи мешаницата пред противничкиот гол за 13 погодок оваа сезона.

Кога делуваше дека Стуга ќе се врати на победничките патеки следуваше блиц крик на гостите.

Најпрвин Марко Николовски во 81 со својот дебитантски погодок оваа сезона изедначи на 2:2 а комплетниот пресврт го режираше Португалецот Мигел Пиреш, кој погоди со глава во 85. минута

Читај Претходна

(ВИДЕО) МАГИЈА НА ЧУРЛИНОВ – ДВЕ АСИСТЕНЦИИ ЗА НОВА ПОБЕДА

Читај Следна

ПАВЕЛ ТРАЈКОВСКИ ПОТПИША ПРОФЕСИОНАЛЕН ДОГОВОР СО ПАРТИЗАН