МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Најталентираниот Македонски кошаркар, Андреј Шошкиќ продолжува со одличните настапи на Колеџ.
Во победата на својот тим над Дрексел Драгонс, Шошкиќ повторно беше меѓу најдобрите поединци. Се врати во стартната петорка, одигра дури 37 минути и возврати на најдобар начин.
Запиша 14 поени, 2 скока и 2 асистенции со одлични проценти на шут: 3/5 за два, 2/3 за три и 2/2 од линијата за слободни. Најдобар момент од натпреварот е кога Шошкиќ при влез, буквално ги прати по бурек противниците и положи за два поени
Стони Брук е на четвртата позиција со скор 16-11 и води битка за пласман во плеј оф.

