Vinkmag ad

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ГЕСТ НА МЗТ СКОПЈЕ – ПЕХАРОТ ОД КУПОТ ГО ОДНЕСЕ ВО БОЛНИЦА КАЈ ЕДЕН ОД НАЈВЕРНИТЕ НАВИВАЧИ

Победникот на Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје направи убав хуман гест откако освоениот пехар го однесе во Болница каде се лекува еден од најверните навивачи на клубот.
Претставници на клубот, предводени од капитенот Дамјан Стојановски беа во посета на Ристе Божиновски – Мачор, кој води здравствена битка.

Освоениот пехар од Купот на Македонија синоќа се најде во неговата болничка соба, а од капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓоревски и тренерот Васко Атанасов
доби златен медал, специјално обезбеден за него како мотив да издржи во борбата што му претстои

💙🤍 Мачор – МЗТ е со тебе! Сите сме едно плаво-бело семејство! – Стои во објавата на МЗТ

Читај Претходна

ВАРДАР ВО БЕНФИКА ЈА СТАРТУВА ГЛАВНАТА РУНДА ВО ЛИГА ЕВРОПА

Читај Следна

ОМЕРАГИЌ ГО ПОКАНИ – РОСЕТИ ПРИФАТИ, ШЕФОТ НА УЕФА СУДИИТЕ ВО СКОПЈЕ