МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Дуелот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими заврши во сенка на настаните кои се случија во завршницата од средбата. Наместо фудбалот да биде во преден план, вниманието го презедоа тензии, реакции и спорни моменти.
Главниот арбитар Бенјамин Ќерими донесе одлука која предизвика бурни реакции – директен црвен картон за Реџеп Мурати. По таа одлука настана хаос на теренот, а дел од фудбалерите на кумановскиот состав демонстрираа незадоволство и размислуваа да го напуштат натпреварот.
Од Фудбалска федерација на Македонија информираа дека исклучувањето следувало поради недолично однесување, конкретно плукање. Сепак, Мурати јавно ги отфрли овие тврдења, истакнувајќи дека ситуацијата била погрешно протолкувана.
Во јавноста веќе кружи и нова снимка од спорниот момент, направена од друг агол. Видеото, кое доаѓа од продукцијата „Скок“ на Мијалче Дургутов, нуди појасна слика за тоа што навистина се случувало во метежот.
Погледнете го материјалот од стадионот на ФФМ и донесете свој заклучок за контроверзниот финиш.

