На иницијатива на ЕХФ и потпретседателот Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.
На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:
Формирање регионални машки и женски лиги за клубови
Можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
Машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
Предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
Иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални
Формирање регионална кадетска лига за репрезентации
Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.