Ракометната федерација на Македонија (РФМ) поднесе официјална апликација за домаќинство на Светско првенство за ракометари до 21 година, кое ќе се одржи во 2027 година.
Домаќин би бил Скопје, а во понудата се вклучени четири сали. „Борис Трајковски“, „Јане Сандански“, „Расадник“ и големата сала во Кале. ЕХФ ќе изврши инспекции на сите четири сали.
Се очекува одлуката да биде донесена на трети март, а доколку биде одобрена апликацијата, Македонија ќе го продолжи трендог на организација на големи натпреварувања, пред се во младинските категории.

