Vinkmag ad

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО СРЦЕТО НА МАКЕДОНЕЦ КОЈ НАСТАПИ ЗА КАНАДА НА ЗОИ

На олимписката сцена во Милано кортина се појави спортист со македонско потекло кој настапуваше под знамето на Канада, но јасно ги истакна своите корени.

Лука Стоикос, момчето кое беше дел од втората постава на Канада во боб-четирисед, под скијачкото одело носеше маица со ликот на Свети Климент Охридски, кого го смета за негов заштитник.

„Поддршката од моето семејство и од македонската заедница има огромно значење за мене и за мојот развој како спортист. Роден сум во Канада, но моите македонски корени се дел од мојот идентитет и на нив сум особено горд. Иако настапувам под канадското знаме, чувствувам дека на некој начин ја претставувам и македонската заедница, како и италијанската страна од семејството на мајка ми“, изјави Стоикос.

 

Читај Претходна

БЕРОКАЛ ПРВ ПАТ СЕЛЕКТИРАШЕ – ХАП ЌЕ ГО ПОПЛНИ МЕСТОТО ЗА НАТУРАЛИЗАН, ЈАКИМОВСКИ ГЛАВЕН АДУТ

Читај Следна

ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА НА ФФМ ИСПРАТИ НА ,,ЛАДЕЊЕ” ПОВЕЌЕ ЛИЦА ПОРАДИ ИСКЛУЧУВАЊАТА И ЦРВЕНИТЕ КАРТОНИ