(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Претседателот на Фудбалската федерација , Масар Омерагиќ, присуствуваше на состанок на „HatTrick“ комисијата на УЕФА.
,,Во седиштето на #UEFA учествував на состанок на HatTrick комисијата.Разговаравме за тековните активности и идните приоритети на HatTrick програмата, една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации.Горди сме што преку програмата, значителна поддршка добива и Фудбалска федерација на Македонија. Со средствата од HatTrick реализираме инфраструктурни и развојни проекти кои создаваат подобри услови за развој на фудбалот и младите фудбалери во Македонија. – напиша Омерагиќ на фејзбук

