МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа од 3:0 против Андора, на денешниот натпревар одигран во рамки на квалификациите за Светското Првенство.
Нашите фудбалерки уште од самиот почеток наметнаа темпо и ја презедоа контролата врз играта, што резултираше со водство во 17 минута. Теона Галабовска го отвори резултатот, а асистенцијата ја запиша Александра Марковска.
Само три минути подоцна Македонија го удвои водството. Овој пат стрелец беше Симона Меијер, по додавање токму од Галабовска, со што нашата селекција уште во првото полувреме направи значителна предност.
Во вториот дел избраничките на селекторот Андов продолжија со сигурна игра и не дозволија изненадување. Конечните 3:0 беа поставени во 83 минута, кога Меланија Грозданова ја затресе мрежата на гостинките.
Ова е прва победа во квалификациите за нашата репрезентација

