Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Адем Мекиќ крајот на сезоната ќе го одигра во Хрватскиот клуб КК ЗАДАР, откако денес на официјалната страница КК Задар му посака добредојде.
За Мекиќ ова е враќање во дресот на Задар каде што настапуваше и во 2023 и 2024 кога освои две шампионски титули а се закити и со куп титула. Задар во моментов е лидер во хрватското првенство а настапува и во АБА регионалната лига
Мекиќ првиот дел од сезоната го помина во косовскиот шампионат во тимот на Бора каде бележеше 11 поени по натпревар.

