Vinkmag ad

НЕСТОРОВСКИ ГО ЕЛИМИНИРАШЕ ТРАЈКОВСКИ ОД ХРВАТСКИОТ КУП

Славен Белупо обезбеди место во полуфиналето од Куп на Хрватска по возбудливата четвртфинална пресметка против Локомотива Загреб. По нерешени 1-1 и по одиграни 120 минути, патникот во следната рунда беше решен дури по изведувањето на пенали.

Тимот од Загреб прв дојде до водство. Во 33. минута мрежата на домаќините ја затресе Димитрије Каменовиќ. Сепак, Славен Белупо успеа да се врати во игра на почетокот на второто полувреме, кога во 51. минута израмни Ален Гргиќ.

Победникот беше решен по пенал серијата, каде што двата македонски репрезентативци беа прецизни од белата точка. Илија Несторовски реализираше за Славен Белупо, додека Александар Трајковски беше сигурен изведувач за Локомотива Загреб.

Во пенал рулетот, домаќините имаа повеќе нерви и погодија речиси сите удари, промашувајќи само еднаш, додека фудбалерите на Локомотива Загреб не реализираа два пенали. Илија Несторовски беше на теренот во текот на целиот натпревар од 120 минути, а Александар Трајковски во игра се приклучи во 72. минута.

Читај Претходна

КОГА ВАРДАР ЌЕ ИГРА 1/4 ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА?

Читај Следна

ПОБЕДАТА НА ВАРДАР ПРОТИВ МЕЛСУНГЕН ВО 180 СЕКУНДИ (ВИДЕО)