МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Вардар 1961 одигра моќен натпревар на гостински терен и со убедлива победа од 25-34 против МТ Мелсунген обезбеди директен пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европска лига. Македонскиот ракометен гигант со ова издание уште еднаш покажа дека знае како се играат големи европски натпревари.
Тимот предводен од Иван Чупиќ од самиот почеток наметна силно темпо и постепено ја градеше предноста, не оставајќи многу простор за реакција на германскиот состав. Иако домаќините имаа краток период во кој се обидоа да се приближат резултатски, вардарци брзо ја вратија контролата и повторно го презедоа ритамот на играта.
Во продолжение, во 180 секунди, погледнете ја вардаровата доминација во Германија.

