Vinkmag ad

❤️⚽️🇲🇰 ДЕН 2 ОД КОПЕНХАГЕН…ИМА И ДАНЦИ КОИ СМЕТААТ ДЕКА Е ПОДОБРО – ДА ЗАГУБАТ УТРЕ

❤️⚽️🇲🇰 ДЕН 2 ОД КОПЕНХАГЕН…ИМА И ДАНЦИ КОИ СМЕТААТ ДЕКА Е ПОДОБРО – ДА ЗАГУБАТ УТРЕ
Македонската фудбалска репрезентација е на 24 часа до еден од најважните натпревари во својата историја.
Адреналинот е на највисокото можно ниво, еуфоријата расте и веќе нема дилеми. Дали можеме? Мора да можеме. Едноставно е, вакви натпревари се играат ЗА ДА СЕ ПОБЕДАТ.
Времето во Копенхаген е скандинавско – ветерот е силен, но и покрај тоа има Данци кои се позитивно расположени кон Македонија. И покрај тоа што важат за постуден народ, денеска имавме средба со еден навистина топол човек.
Во мала продавница за сувенири во центарот на градот, гостопримлив Данец веднаш пројави интерес кога слушна дека сме од Македонија и со голема почит зборуваше за нашата земја, откривајќи дека има вработена Македонка од Мала Преспа.
Разговорот заврши со неочекувана порака – со насмевка рече дека можеби е подобро Данска да не се пласира на Светското првенство… бидејќи се игра во Америка.
Утре нека биде денот кога ќе ја исполниме неговата желба.
Во меѓувреме, нашите фудбалери го одработија официјалниот тренинг во Копенхаген, го почувствуваа теренот и условите – останува уште утре да го дадат максимумот и да ја израдуваат нацијата.
📍МакСпорт од Копенхаген
✍️ Благоја Филиповски

Читај Претходна

❤️⚽️🇲🇰 ДЕН 1 ОД КОПЕНХАГЕН – ЗА СОНОТ ОД НАШЕТО ДЕТСТВО…

Читај Следна

БАРДИ И АЛИМИ ЌЕ ОСТАНАТ И ДАБЛИН, МИОВСКИ И ТРАЈКОВСКИ ЗАМИНАА