(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Разочарувањата од неуспешниот обид за пласман на Светското првенство очигледно оставија трага кај фудбалерите на Македонија и Ирска. Дуелот помина без многу ризик и креативност, со јасен фокус на одбраната, па на крајот – без голови.
Иако мечот немаше многу возбудувања, Ирска беше таа што создаде повеќе закани. Парот двапати ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, но и во двата случаи беше сигнализиран офсајд.
По лошата дефанзивна серија во претходните натпревари, Македонија влезе значително повнимателно. Линиите беа покомпактни, а просторот за противникот – сведени на минимум, што донесе стабилност во одбраната.
Во првиот дел Ирците имаа иницијатива, додека од македонска страна најзабележителен беше ударот на Енис Барди кон голот на Келехер. Второто полувреме донесе пад на ритамот, но и кулминација во самиот финиш.
Во 96-та минута Кени се најде очи в очи со Димитриевски, но нашиот голман реагираше одлично и спречи сигурен погодок.
Ремито без голови не донесе спектакл, но барем донесе мала доза стабилност по турбулентниот период, а двете селекции ќе бараат подобро издание во следните натпревари во јуни.

