Vinkmag ad

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ТФТ ВО „МАЈСТОРКАТА“ ПРОТИВ ЗЛАТИБОР

Кошаркарите на ТФТ Скопје направија голем успех и се пласираа во полуфиналето од плеј-офот во АБА 2 лигата, откако во решавачкиот трет натпревар славеа на гостувањето кај Златибор со 90:80.

Скопскиот тим ја доби серијата со 2-1 и за место во финалето ќе се бори против Сутјеска.

ТФТ одлично го отвори мечот и рано создаде двоцифрена предност, но домаќините се вратија во игра и мечот беше израмнет до самиот финиш. Сепак, во последната четвртина македонскиот тим покажа квалитет и со силна серија го скрши отпорот на Златибор за сигурна победа.

Најдобар кај ТФТ беше Дарин Говенс со 23 поени, 7 скока и 8 асистенции, додека Зафиров додаде 14 поени. Ташовски и Стојанов реализираа по 13 поени.

Полуфиналната серија против Сутјеска стартува на 8 април во Никшиќ.

Читај Претходна

ИМРАН ФЕТАИ ИМАШЕ ОДЛИЧНО ДЕБИ ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТ ДРЕС

Читај Следна

СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ СО КЛУПСКИ ТРЕНЕРСКИ АНГАЖМАН – ЌЕ ГО ВОДИ РК БУТЕЛ