23-годишниот фудбалер на Шкендија, Ирман Фетаи, беше еден од подобрите поединци во дресот на Македонија на вчерашниот натпревар против Република Ирска.
Иако му беше прв настап за националниот тим, Фетаи одигра зрело и сигурно во дефанзивата. Се истакна со добро позиционирање, цврстина во дуелите и фудбалска храброст. Неговата партија ја одбележаа и неколку одлични, навремени лизгачки стартови
.
Македонија во Фетаи доби уште една сериозна опција за стоперските позиции, а ваквите настапи треба да бидат сигнал за иднината. Селекторот Седлоски мора да продолжи во оваа насока и да им дава шанса на помладите фудбалери, бидејќи е повеќе од јасно – на оваа репрезентација и е неопходно освежување и подмладување.