ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
Графоначалникот на Охирд во рамките на посетата на Веспрем оствари средба со првиот човек на ракометниот гигант, Веспрем. Првиот човек на Веспрем, Чаба Барта упати честитки за работата на Охрид и европските успеси. Градоначалникот Пецаков на Барта му предаде официјална покана за учество на турнирот во Охрид
,,Во рамки на мојата посета на Веспрем, имав чест да се сретнам со г-дин Чаба Барта, претседателот на европскиот ракометен гигант РК Веспрем.
Фокусот на нашиот разговор беше насочен кон патот на ГРК Охрид и нашите досегашни успеси во Европскиот куп и домашната лига и куп, за кои добивме искрени честитки. Големо признание е кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава нашите напори и напредок.
Дополнително дискутиравме за стратегии за развој на клубовите и иднината на европскиот ракомет.
Упатив официјална покана до РК Веспрем да бидат дел од нашиот традиционален ракометен турнир во Охрид и верувам дека од следната година нашиот турнир ќе биде побогат за уште едно големо име во светот на спортот.
Продолжуваме да го етаблираме Охрид како значаен спортски центар на мапата на Европа” – напиша Пецаков
ГРАДОТ ОХРИД ПИШУВА УСПЕШНА РАКОМЕТНА ПРИКАЗНА 👏👏

