ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација на Мастерсот во Рим и тоа од хрватската сензација, Дино Призмиќ (2:1)
20 годишниот Дино Призмиќ игра во одлична тениска форма и полека се приближува кон најдобрите 50 тенисери во светот.
Приказната за Призмиќ е интересна затоа што дел од неговите почетоци е и Скопје и Челинџерот 2023.
Тогаш 17 годишно момче од Хрватска како голем талент пристигна со посебен влез на турнирот во Скопје и успеа да помине едно коло, победа против нашиот тогаш голем талент Калин Ивановски.
Во втората рунда загуби од Донскок со 2:1.

Призмиќ од тој момент почна да го гради својот професионален пат, а освои и јуниорски Роланд Гарос, па постепено почна да настапува и на посериозни сениорски АТП турнири.
Денес Призмиќ е 78 тенисет на Светот, со Три силни Фјучрси и настапи на два Гренд Слем турнири.
Победата над Ѓоковиќ му донесе трета рунда на Мастерс 1000 во Рим, а очегледно ова е само почеток.
Победата е уште поголема затоа што Новак Ѓоковиќ е негов тениски идол
Среќно Дино!!

