МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
🇲🇰 Македонија има ФУДБАЛСКИ СУПЕР ТАЛЕНТ во името на 10-годишниот ДАРИЈАН ГАЛЕВСКИ.
👉 Во Македонија настапува за ФК Александро, а го носи дресот и на Црвена Звезда.
🔥 Моментално се наоѓа во Барселона – каде настапува, а воедно е и капитен на ХРВАТСКАТА АКАДЕМИЈА НА БАРСЕЛОНА.

🏆 Галевски и Хрватската Академија на Барселона денес играат за ТИТУЛАТА на Светското првенство на академии на Барселона, од целиот свет.
💥 Вчера во полуфиналето на „BA Academy World Cup“ направија голем подвиг, откако славеа против најдобрата академија на Барселона од Шпанија (генерација 2016).
Натпреварот заврши 1-1 во регуларниот дел, а во пенал-рулетот тимот на Галевски беше поуспешен.

👉 Токму ДАРИЈАН ГАЛЕВСКИ со сигурен удар од белата точка ја отвори серијата и го трасираше патот кон финалето!
⚽ 👉 На ова „Светско првенство“, Галевски игра извонредно. Има постигнато над 10 голови и запишано над 15 асистенции. Се очекува и во денешното финале, да биде лидер на тимот.
🔥 Инаку, во 2024 година, Галевски неколку дена тренирал и во La Masia, каде оставил силен впечаток и доби одлични оценки од тренерите.
🏅 Зад себе веќе има освоено бројни турнири и индивидуални признанија, што уште од оваа возраст го издвојува како еден од најперспективните македонски фудбалери.

👉 За неговиот пат, успесите и амбициите – повеќе ќе читате во интервјуто кое од сега го најавуваме со големиот македонски фудбалски талент.
❤️ СРЕЌНО ДЕНЕСКА ВО ФИНАЛЕТО, ДАРИЈАН!

