(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски полека се враќа во натпреварувачки ритам по паузата заради повреда која го оневозможи да игра и во баражот за светското првенство.
Алиоски синоќа во дербито на колото во плеј офот погоди за победа против Растодер и Тун.
Нашиот репрезентативец во 97 минута ја намести топката на белата точка и реализираше за победа (0:1)
Ова е орв гол за Алиоски во оваа сезона. По натпреварот беше среќен за погодокот и победата а особено се заблагодари на Гргиќ за шансата да го изведе пеналот.
„Имав тешки месеци поради повреди. Не можев да му помогнам ниту на Лугано, ниту на репрезентацијата во баражот. Но гладот и карактерот никогаш не ме напуштија“
„Гргиќ има големо срце, вистински човек е. Му благодарам што ми ја препушти одговорноста.“ – изјави македонскиот репрезентативец.

