Vinkmag ad

ПОДЕМ НА ПИКАДОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Викендов во хотел во Илинден се одржа пикадо турнир на кој учество зедоа 48 натпреварувачи.

Ова е само еден од неколкуте турнири кои во изминатиот период ги организираат ентузијасти низ Македонија, а особено радува фактот што интересот постојано расте.

За потврда на тоа говори и првиот турнир, одржан пред неколку недели, на кој настапија дури 64 натпреварувачи.

Пикадото бележи голем подем и на европско ниво, па позитивно е што овој тренд полека се пресликува и кај нас.

Според најавите, во тек се активности за формирање на Пикадо федерација на Македонија, што би значело дополнителен чекор напред во развојот на овој спорт.

Наградниот фонд на турнирот одржан во Илинден, по договор на учесниците, ќе биде реинвестиран во набавка на нова опрема, со цел подобрување на условите и понатамошен развој на пикадото во Македонија.

Читај Претходна

МАКСПОРТ ИНТЕРВЈУ – ЈАКА МАЛУС: МНОГУ ГО САКАМ ВАРДАР, МНОГУ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА

Читај Следна

🇧🇦❤️🇲🇰 ЈУСУФ НУРКИЌ: МАКЕДОНЦИ СТЕ ПРАВА РАЈА