ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
Најпријатното изненадување во АБА 2 лигата, ТФТ Скопје има уште една шанса за пласман во најдобрата регионална лига. Откако несреќно загубија во двомечот со Широки во финалето на АБА 2, вицешампионот на Македонија, ТФТ ќе има уште една шанса и тоа против српскиот тим Борац од Чачак.
Бараж серијата почнува вечерва во Чачак од 20:30 часот, а реваншот е во недела во Скопје. Тренерот на ТФТ, Боро Смилковски е полн со комплименти за противникот и се надева на добар настап на неговиот тим.
„Не очекува плеј-ин серија со Борац во пеколна динамика на натпревари за нас, веќе во континуитет, повеќе од еден месец. Сериозен предизвик против екипа и град со голема кошаркарска традиција. Ростер кој го нуди можеби најдоброто во однос на талентот од регионов, многу од нив продукти на сопствената школа, дополнети со неколку искусни играчи со долга кариера во АБА 1 и сериозно кошаркарско CV. За нас, уникатно искуство против тим од ранг каде што сакаме да бидеме. Пред сè, се надевам дека ќе претставиме добра и модерна кошарка, во однос на афирмација на нашите резултати. Подготвени сме да го дадеме својот максимум, но исто така сме свесни дека за евентуален успех ќе ни треба нашата најдобра верзија досега, можеби дури и повеќе од тоа“, рече Смилковски.
Серијата се игра до две добиени

