ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
Вечерва во Јане Сандански за последен пат оваа сезона ќе се судрат вечните ривали, Вардар и Пелистер. Во претходните три лигашки соочувања оваа сезона, Вардарци се поуспешни со 2-1 а во првиот дуел во Јане Сандански славеа 31-28.
Избраниците на Чупиќ во натпреварот влегуваат по елиминацијата од Монпеље во четвртфиналето на Лигата на Европа, но со силен мотив – математички да ја осигурат титулата.
На четири кола до крајот математиката е јасна, победа или реми на Вардар му носат титула. Постои математика и со пораз истото да биде сигурно, но за тоа поразот на Вардар не треба да биде повеќе од три погодоци.
Од друга страна Пелистерци се свесни дека и со победа, одбраната на титулата е невозможна мисија, но победа против лутиот ривал Вардар секогаш е сатисфакција особено кога истата ќе донесе голем плус во борбата со Охрид за втората позиција.
Минатата година токму во Јане Сандански, Пелистер со голема победа и лудо славје им ја зеде титулата пред очи, па повеќе од јасно е дека Вардар ќе сака да сервира одмазда.
Картите за натпреварот се прилично распродадени а се очекува пеколна атмосфера во која Вардар треба да слави титула.
Вечерва во 19:00, да уживаме во последното Ел Класико за оваа сезона!

