Vinkmag ad

АМБАСАДОРОТ НА БиХ ВО ПОСЕТА НА ФФМ

Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево ,  „Куќата на Фудбалот“ ФФМ  ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина  Драган Јаќимовиќ.

На средбата со Претседателот на ФФМ  Масар Омерагиќ стана  збор и за пријателските односи на двете земји ,посебно во спортот. Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар меѓу двете репрезентации за кој уште од сега се бара билет повеќе и едно е сигурно, стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево ќе биде исполнет до последното место.

 

Читај Претходна

(ВИДЕО) ЕНИС БАРДИ ГО УРНА ГОЛЕМИОТ БЕШКИТАШ – КОЊАСПОР ЌЕ ИГРА КУП ФИНАЛЕ

Читај Следна

ВЕЧЕРВА ЕЛ КЛАСИКО, ВАРДАР ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР