Vinkmag ad

(ВИДЕО) ЕНИС БАРДИ ГО УРНА ГОЛЕМИОТ БЕШКИТАШ – КОЊАСПОР ЌЕ ИГРА КУП ФИНАЛЕ

Капитенот на Македонската репрезентација, Енис Барди е јунакот на Коњаспор со неговиот гол од пенал во 97 минута, го елиминираа славниот Бешикташ пласирајќи се во Куп финале.

Коњаспор по голема драма и во исклучително интересен финиш го победи Бешикташ. Судијата досуди пенал во 94 и настана вистинска драма на теренот. Навивачите на Бешикташ и сите играчи протестираа по што следуваше и ВАРД проверка која само ја потврди одлуката на главниот судија.

Топката на белата точка во 97 минута ја намести Енис Барди и мирно реализираше за ерупција на воодушевување кај навивачите на Коњаспор и за голема победа и пласман во финалето.

Ова е вторпат во историјата на Коњаспор да се пласираат во Куп финалето а уште пофасцинантно е што на патот до финале ги елиминираа и  Фенербахче и Коњаспор

 

Читај Претходна

НИКОЛА ЃОРГИЕВ Е НОВ ШАМПИОН НА ЧЕШКА

Читај Следна

АМБАСАДОРОТ НА БиХ ВО ПОСЕТА НА ФФМ