ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
ЕХФ останува на својата одлука за Начевски и Николов откако денес и апелациониот суд ја потврди нивната пресуда со која нема да можат да судат во наредните две години.
Претходно ЕХФ на 10 јануари ја повлече нивната номинација за Европско првенство во ракомет, а потоа им беше изречена и суспензија.
Како причина се наведува наводна манипулација со видеоматеријали поврзани со физичката спремност.
Денес апелациониот суд ја потврди пресудата со која се суспендирани на две години и казнети со 5.000 евра.
“Апелациониот суд на ЕХФ ја потврди одлуката на Ракометниот суд во случајот против македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Може да се поднесе жалба до Европскиот арбитражен суд за ракомет (ECA) во рок од 21 ден“ велат од ЕХФ.

