Vinkmag ad

ОД ЧЕЛИНЏЕРОТ ВО СКОПЈЕ ДО ПОБЕДА ПРОТИВ НАЈДОБРИОТ ВО ИСТОРИЈАТА – ДИНО ПРИЗМИЌ ПИШУВА ТЕНИСКА ПРИКАЗНА

 

Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација на Мастерсот во Рим и тоа од хрватската сензација, Дино Призмиќ (2:1)

20 годишниот Дино Призмиќ игра во одлична тениска форма и полека се приближува кон најдобрите 50 тенисери во светот.

Приказната за Призмиќ е интересна затоа што дел од неговите почетоци е и Скопје и Челинџерот 2023.
Тогаш 17 годишно момче од Хрватска како голем талент пристигна со посебен влез на турнирот во Скопје и успеа да помине едно коло, победа против нашиот тогаш голем талент Калин Ивановски.

Во втората рунда загуби од Донскок со 2:1.

Призмиќ од тој момент почна да го гради својот професионален пат, а освои и јуниорски Роланд Гарос, па постепено почна да настапува и на посериозни сениорски АТП турнири.

Денес Призмиќ е 78 тенисет на Светот, со Три силни Фјучрси и настапи на два Гренд Слем турнири.

Победата над Ѓоковиќ му донесе трета рунда на Мастерс 1000 во Рим, а очегледно ова е само почеток.

Победата е уште поголема затоа што Новак Ѓоковиќ е негов тениски идол

Среќно Дино!!

Читај Претходна

РФМ ГИ ОБЈАВИ ЦЕНИТЕ И ГИ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА БАРАЖОТ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Читај Следна

КИРИЛ ПЕЦАКОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РК ВЕСПРЕМ, ЧАБА БАРТА