Vinkmag ad

(ВИДЕО) ХОРОР ПОВРЕДАТА НА КОНЕ ФРЛИ ДАМКА НА ПОБЕДАТА НА КАНАДА

К0-домаќинот на Светското првенство, репрезентацијата на Канада оствари убедлива, историска победа од 6-0 против Селекцијата на Катар. За репрезентацијата на Канада ова е прва победа на светските шампионати. Апсолутен јунак на натпреварот беше напаѓачот на Јувентус, Џонатан Дејвид кој постигна хет-трик.

Сепак и покрај големата победа и првата позиција во групата, победата на Канада има горчлив вкус затоа што на истата, хорор повреда доживеа Исмаел Коне.

При судир противничкиот играч Асим Мадибо во 51. минута, Коне остана да лежи на трева и веднаш интервенираа лекарите. Подоцна беше констатирано дека се работи за скршеница. Играчите на Канада погодоците и победата ги посветија на нивниот соиграч за кого ова првенство е завршено.

Читај Претходна

СЕЈДИНИ И ЕКИПАТА ПРОНЕВЕРИЛЕ 180.000.000 ДЕНАРИ ⁉️

Читај Следна

(ВИДЕО) ПЕЛИСТЕР СО МОЌНО ВИДЕО ОБЈАВИ ГОЛЕМА ВЕСТ ЗА БИТОЛЧАНИ – КАПИТЕНОТ КУЗМАНОВСКИ ОСТАНУВА ДОМА