Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на социјалните мрежи сподели видео во кое се гелда дистрибуцијата на фудбалските топки низ повеќе градови во Македонија, наменети за клубовите од третите лиги.
Омерагиќ: Нова сезона, ама ритамот не го менуваме 😉 Затоа денес, конкретно…
…во шесте региони: Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје, распределивме 1.740 ПУМА топки за клубовите од Третите лиги.
Ова е само една од серијата донации за клубовите од домашните лиги. Редот продолжува, следна адреса – пониските лиги

