ГОСТИНСКИОТ ДРЕС НА РК ВАРДАР ВО ЗНАК НА ЈУБИЛЕЈОТ – 65 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ
Ракометниот шампион на Македонија, Вардар 1961 го претстави новиот гостински дрес со кој ќе настапуваат во сезоната 2026/27.
Дресот е во посебен дизајн инспириран од 65-годишниот јубилеј на клубот. Во дизајнот покрај белата, доминира златната боја, со детали, како шампионскиот пехар и логот на Лигата на Шампините, каде Вардарци се враќаат оваа сезона.
Претставувањето на дресот беше пред салата Расадник, старо-новиот дом на Вардар.

