ДИМИТРИЈЕВИЌ: САКАМ НАСТАП НА ЕВРО-ШАМПИОНАТ СО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ДАДАМ СЕ ОД СЕБЕ ДА ГО ОСТВАРИМЕ ТОА
Нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ повторно се враќа во Националниот состав. Нено ова лето се пресели во грчки Арис, од каде доби зелено светло за настап во репрезентацијата. Димитријевиќ верува дека имаме квалитет да се носиме со противниците од овој ранг и посакува настап на Европско Првенство во дресот на Македонија
„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа.Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.“ – истакна Димитријевиќ

