Vinkmag ad

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ И САБАЛЕНКА СЕ ЗАБАВУВАА НО ЗАГУБИЈА ВО ДВОЈЌИ

Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција и најдобриот на сите времиња – Новак Ѓоковиќ, со таква најава офиијланиот спикер на УС Опен го најави излегувањето на терен на Ѓоковиќ и Сабаленка за нивниот настап во мешани двојќи

Но и покрај големите очекувања и најави, сепак Ноле и Сабаленка претрпеа пораз уште во првото коло. Двојакта беше поразена од Хенри Патен од Велика Британија и Чехинката Катерина Сињакова со резултат од 2:1 во сетови.

Ѓоковиќ и Сабаленка го добија првиот сет со резултат од 4:1, потоа добро започнаа во вториот сет откако поведоа со 2:1, но го загубија тој сет со резултат од 4:2.

Супер тај-брејк следеше во третиот сет, во кој Чехинката и Британецот славеа со убедливи 10:2.

Настапот на Сабленка и Новак донесе голем број навивачи на трибните што не е својсвтено за дубл мечевите, а двајцата преку повеќе заеднички видеа одлично се забавуваа. За жал нивниот заеднички настап траеше кратко, па сега им остануваат дуелите во сингл, каде ќе се обидат да дојдат до вредниот трофеј.

 

Читај Претходна

ЧЕРВАР ЗА КУЗМАНОВСКИ: ГО ЗНАМ КАКОВ ИГРАЧ Е, НЕ СУМ ИЗНЕНАДЕН ШТО Е ВАКА ДОБАР

Читај Следна

ДИМИТРИЈЕВИЌ: САКАМ НАСТАП НА ЕВРО-ШАМПИОНАТ СО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ДАДАМ СЕ ОД СЕБЕ ДА ГО ОСТВАРИМЕ ТОА