ДИМИТРИЈЕВИЌ: САКАМ НАСТАП НА ЕВРО-ШАМПИОНАТ СО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ДАДАМ СЕ ОД СЕБЕ ДА ГО ОСТВАРИМЕ ТОА
Новата страница за РК Еурофарм Пелистер, под палката на Лино Червар зaпочна на најдобар можен начин – со победа над Партизан и со 15 погодоци на Филип Кузмановски. Червар истакна дека го знае Кузмановски уште од времето во Металург, знае за каков работник станува збор и не е изненаден од неговиот перформанс и квалитет.
,,Да, тоа е мој пораншен играч уште од Металург. Се сеќавам дојде во Скопје, во кожно палто. Се спушти од трибините и ми рече: ШЕфе дојдов нешто да ме научите. И еве сме сега пак. Точно знам за каков играч се работи. За мене тоа не е ништо ново. Супер е што го имаме во тимот, тој е нашиот лидер” – истакна Червар

