Vinkmag ad

ТИКВЕШ НАЈАВУВА ПОЛН СТАДИОН – ВАРДАР БАРА ВТОРА ПОБЕДА ВО НИЗА

Денес во Кавадарци, на градскиот стадион ќе биде комплетирано петтото коло во ПМФЛ а силите ќе ги одмерат, Тиквеш и Вардар. Натпреварот во Кавадарци е закажан за од 17:00 часот.

По четири одиграни кола, Вардар има две победи и два порази, додека Тиквеш е за нијанса подобар со две победи, едно реми и еден пораз.

Гостите од Скопје во КАвадарци патуваат по големата победа над Силекс со 4:1 со која излегоа од лошата серија од два порази. Тиквеш, во претходното коло одигра 1-1 на гостувањето кај Скопје.

Од таборот на Тиквеш ги повикаа навивачите масовно да го поддржат клубот а очекувањата се полн стадион

Цели 16 години Тиквеш нема победа против Вардар на официјален натпревар. Последен пат во Купот на Македонија во 2010, кавадарчани тогаш ги исфрлија „црвено-црните“, но од тогаш па наваму сликата е сосема поинаква. Вардар не знае за пораз против тимот од Кавадарци.

Со надеж дека ќе се промени традицијата, Тиквеш влегува во оваа пресметка. Најдобриот стрелец на екипата Н’Фанли Сила со четири гола, смета дека тимот е подготвен за трите бода. Вели дека целта на Тиквеш сезонава е да се пласира во горниот дел на табелата, и ако е можно да избори место во Европа.

„Екипата е максимално подготвена за овој натпревар, и продолжуваме заедно кон победа. За градот, за нашите навивачи но и за нас исто така. Овој меч е многу важен, играме против шампионот, и јас верувам дека кај нас ќе има мотиви за да дојдеме до триумф“. „Одиме чекор по чекор. Целта е на секој натпревар да освојуваме бодови. Знаеме дека во последните две кола резултатите не беа како што посакувавме, меѓутоа подготвени сме да се вратиме на победничките патеки, како што беше во првите две кола. Ќе дадеме се од себе за победа денеска, а целта оваа сезона е да бидеме во горниот дел на табелата, и следната сезона Тиквеш да игра во европските натпреварувања“, рече напаѓачот на кавадарчани. – истакна Сила

Младиот офанзивец Димитар Данев, кој беше стрелец против Силекс, ја потенцира важноста Вардар да фати победнички ритам во првенството и затоа најави атак на победа во Кавадарци

„Работевме напорно изминативе денови и фокусирани сме на натпреварот со Тиквеш. Ова е многу важен меч за нас, затоа што по триумфот над Силекс сакаме да фатиме победнички ритам. Ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода во Кавадарци, иако знаеме дека Тиквеш игра квалитетно пред своите гледачи. Сепак, ние веруваме во нашите способности и одиме на победа“, порача Данев.

Читај Претходна

ТОМОВСКИ БРИЛИЈАНТЕН – ВОЛФ МУ ГО “УКРАДЕ” МЕСТОТО ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ ВО БУНДЕСЛИГАТА

Читај Следна

ТЕОДОР И ТРЕВИС ГО ПОЗДРАВИЈА УЧИНОКОТ НА ДИМИТРИЈЕВИЌ – ЧЕСТИТКА ДОЈДЕ И ОД ПОРАНЕШЕН ИГРАЧ НА ЛЕЈКЕРС