МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски на најдобар можен начин се врати во Бундеслигата – најдобар поединец на теренот и голема гостинска победа.
Неговиот тим, Битигхајм, повратник во елитата приреди големо изненадување и славеше на гостувањето кај Вецлар со 33:35. Токму Мартин Томовски беше главниот виновник за успехот, забележувајќи 15 интервенции.
Сепак и покрај ваквиот учинок, Томовски не се најде во идеалниот тим на воведното коло, откако таму место доби Андреас Волф, кој истотака имаше 15 одбрани во победата на Кил.

