НЕПРАВДА КОН ГЕЧЕВСКИ И АНТИЌ – АБА ЛИГАТА ГИ “ЗАБОРАВИ” ВО СПИСОКОТ 25 НАЈДОБРИ
Денес продолжуваат натпреварите од Ракометната Регионална лига. Две од четири Македонски екипи имаат свои настапи – Алкалоид и Е.Пелистер.
Екипата на Алкалоид втор пат за три дена ќе се сретне со тимот на Ловќен. Во првиот натпревар, избраниците на Лазаров го наполнија голот на противникот и славеа со убедливи 55-37. Вечерва на гостински терен ќе се обиде да дојде до втора победа.
Екипата на Е. Пелистер пак има перфектен почеток, 2/2 и вечерва во Лесковац ќе се сретнат со тимот на Дубочица 54., со надеж дека ќе ја продолжат победничката серија
Двата натпревари ќе можат да се следат на Јутјуб каналот на Регионалната лига. Натпреварот Дубочица – Еурофарм Пелистер почнува во 18:00 часот, а натпреварот Ловќен – Алкалоид во 19:00 часот.

