МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Избраниците на Кирил Лазаров во три дена, два пати го победија тимот на Ловќен, овој пат на гостински терен со 29:40. Алкалоид уште од самиот почеток навести дека повторно ќе се прашува за се во натпреварот, па поведе со 4:1 во воведните минути. До крајот на полувремето, домаќините успееја да се вратат и на пауза да заминат со 18:18.
Ловќен отвори со гол за 19:18 па неизвесноста траеше до 40 минута, кога нашиот претставник нагази и почна да се одлепува, и со серија од 6:0 навести нова победа. До крајот на натпреварот разликата само растеше, за на крајот Митев на пет секунди до крајот да ги постави конечните 29:40.
Вечерва прво име во тимот на Алаклоид беше репрезентативецот Иван Џонов кој броеше до 8, го следеше Марко Митев со 6, додека пак Дамјан Митев и Костески запишаа по пет
Во два натпревари, за само три дена Алаклоид на противникот му даде 95 погодоци, а прими 66.

